Кина, најголемиот светски пазар за автомобили, работи на план за забрана на производство и продажба на возила кои користат бензин, дизел и гас.

Во Германија, земјата која ги измисли модерниите автомобили, канцеларката Ангела Меркел навести дека е прашање на време кога ќе се прогласи нивно заминување во историјата. Некои германски градови веќе се заканија дека ќе воведат свои забрани за дизел за спречување на загадувањето.

Велика Британија најави дека ќе ја забрани продажбата на нови бензински и дизел автомобили почнувајќи од 2040 година, како придонес против глобалното загадување. До 2050 година, сите автомобили на патот ќе треба да имаат нула емисија на гасови.

Во Франција, владата најави крај на продажбата на возилата на гас и дизел до 2040 година, а по тој датум, на производителите ќе им биде дозволено да продаваат автомобили што работат на струја или кои користат друга чиста енергија. Хибридните автомобили исто така ќе бидат дозволени.

Индиската влада на почетокот од годинава најави дека од 2030. возилата што ќе се продаваат, ќе мора да користат електрична енергија.

Планот за транспорт на норвешката влада дава јасени насоки. Сите нови патнички автомобили и комбиња што ќе се продаваат по 2025 година мора да бидат еколошки, со нула емисија на штетни гасови. Околу 40 отсто од сите продадени автомобили минатата година во Норвешка беа електрични или хибридни возила.

Австрија, Данска, Ирска, Јапонија, Холандија, Португалија, Кореја и Шпанија исто така планираат да се свртат кон замена на возниот парк со електрични автомобили.

САД немаат федерална политика, но најмалку осум сојузни држави поставија таква цел.

Во моментов, 95 отсто од електричните автомобили се продаваат во само 10 земји: Кина, САД, Јапонија, Канада, Норвешка, Украјина, Франција, Германија, Холандија и Шведска.