Британската премиерка Тереза Меј која што вчера доби сериозан удар од британската јавност и не доби мнозинство во парламентот денеска постигнала договор со северно – ирската Партија на демократските унионисти (ДУП) и ќе формира влада.
Новиот мандат со кој ќе може да формира влада и да владее со тесно мнозинство се очекува да и биде доделен од страна на кралицата во текот на денешниот ден.
Договорот со ДУП е резултат на опсежни преговори кои траеле до изутрина а главната причина за новата коалиција е што ДУП не прифаќа земјата во иднина да ја води лидерот на Лабуристите Џереми Корбин. Соработката со него според ДУП би била „неподнослива“.
За британската левица ДУП е партија која што е расистичка, хомофобична организација со историја на насилство која што се противи на абортусот.
На фотографијата е екс лидерот на ДУП Питер Робинсон сликан со калашњиков