А што велите за малку маринрано пилешко месо за денешниот ручек? Можете да го дополните со малку варен ориз, или мешан зеленчук запржен на путер, или пире или варен зеленчук или……
Состојки:
-4 парчиња пилешки гради (бело месо)
-8 супени лажици Балсамико оцет
-4 супени лажици кафеав шеќер (или 3 лажици обичен)
-2 чешниња лук
-1 супена лажица сенф
-1 супена лажица сол
-неколку гранчиња свеж рузмарин
-50 мл бело вино
Начин на подготовка:
Убаво истолчете го лукчето со солта додека не се добие хомогена смеса. Во мало тенџерче ставете го лукот, оцетот, шеќерот и неколку гранчиња исечкан рузмарин и оставете ја маринадата на оган да врие додека количината не се намали отприлика дупло. Кога маринадата ќе се олади, додадете го сенфот кој претходно сте го растопиле во виното и се убаво измешајте. маринирање.
Со маринадата сега натопете ги пилешките гради, посипете одозгора со уште малку рузмарин и оставете ги во фрижидер да отстојат барем 1 час.
Печете ги во грил тава на умерена температура се додека пилешкото месо не омекне.