И српската влада и медиумите во северниот сосед прашуваат зошто по само 3 и пол месеци македонскиот премиер Зоран Заев го променил ставот за гласањето за Косово во УНЕСКО.

За владата во Белград најавата на официјално Скопје според која на гласањето за прием на Косово во УНЕСКО „ги следи позициите на Европската Унија“ е целосно менување на ставот на Македонија кое што нема да остане неказнето.

Во анализата на телевизијата Б – 92 која што има грчки сопственици се прашува што го натерало премиерот Заев да го смени својот став кој го даде во мај кога на прашање на телевизијата Прва изјави дека Македонија ќе биде неутрална за Косово.

Сега Србија   прашува зашто Македонија го сменила ставот и најавува дека „води пријателски односи со сите соседи“ и дека во случај на отворени прашања „ ќе води добрососедска политика“, односно дека ќе оди против позициите на Србија.

Во анализите на сите медиуми се потсетува и на изјавите на Заев според кои тој е подготвен да ги повлече своите „претерани изјави“ кои ги упатил до властите во Белград, а се потсетува и на изјавата во која тој тврди дека ги расчистил сите недоразбирања со претседателот Вучиќ.

Српските медиуми потсетуваат дека Македонија во 2008 година го признала Косово но дека тоа не предизвикало реакции од Белград.

Во извештаите се наведува и македонската агенција Макфакс која што јави дека македонската влада подготвила предлог за поддршка на залченувањето на Косово во УНЕСКО кое што ќе го предложи како точка на дневниот ред на ОН. Според агенцијата овој предлог на владате е една од причините за повлекување на српските дипломати од Скопје.