Белград испрати замена за агентот Живаљевиќ

Веднаш по телефонскиот разговор на македонскиот премиер Зоран Заев со српскиот претседател официјален Белград донесол одлука за испраќање замена за своето аташе за безбедност во амбасадата во Скопје.
Претставникот на српската Безбедносно – Информативна агенција (БИА) веќе е пристигнат во Скопје и започнал со процедурата за акредитација кај македонските власти и соодветните македонски служби за безбедност, дознава expres.mk
Новиот српски „безбедњак“ во Македонија е долгогодишен професионалец во српските тајни служби и ќе има задача да ја смири тензијата со своите домаќини со кои Србија ги наруши односите откако неговиот предходник Горан Живаљевиќ влезе во македонското Собрание на 27 април.
Живаљевиќ кој беше фатен на видео снимки како влегува во парламентот тврдеше дека таму влегол со дозвола од македонските служби за безбедност.
Новиот претставник на БИА во Скопје со своите партнери во Македонија ќе работи на неколку актуелни теми кои што ги поврзуваат двете замји, исламскиот тероризам, инфилтрација на радикални структури од Блискиот Исток и безбедноста на границите во контекст на евентуалната нова бегалската криза.
Новиот српски агент во земјава пристигнува по дипломаскиот скандал по кој Србија го повлече целиот свој персонал од амбасадата во Скопје поради наводната одлука на македонската влада да гласа за прием на Косово во УНЕСКО.
По телефонскиот разговор Заев – Вучиќ и средбата на министерите за надворешни работи Димитров – Дачиќ во Ниш експресно беше намалена тензијата меѓу двете земји по што српските дипломати се вратија во Скопје а премиерката Ана Брнабиќ по средбата со Заев во Драч најави дека македонија ќе биде воздржана при евентуално гласање за косовскиот прием во УНЕСКО.
Агентот Горан Живалевиќ кој беше повлечен од Скопје веднаш инцидентите на 27 април се појави во српската јавност со изјава за државните медиуми истиот ден по разговорот Заев – Вучиќ.

 

Тој тогаш се бранеше дека добил дозвола за влез со Собранието од советник на претседателот Иванов што беше демантирано од страна на кабинетот на претседателот од каде што побараа Живаљевиќ да докаже дека барал дозвола за влез во парламентот.
Дозвола за влез во македонскиот законодавен дом според законот дава МВР кое што негираше исто така негираше дека дало дозвола за влез на Живаљевиќ.
Неговиот наследник ќе има задача да ја врати разнишанта доверба меѓу властите и безбедносните служби меѓу Македонија и Србија.
Живаљевиќ и српските служби од западни медиуми беа обвинети дека работеле на дестабилизирање за сметка на Русија.