Белгискиот трудов инспекторат откри шема за измама која вклучува социјални бенефиции кои биле пренасочени кон Бугарија.
Пет Бугари „извлекле“ над 50 милини фунти на име социјална помош од Британија
Според локалните медиуми, вчера биле приведени 17 осомничени, а штетата на буџетот се проценува на 1,5 милиони евра, пренесе Њуз.бг.
Претреси беа извршени во Брисел, Антверпен и други градови во Фландрија, при што иследниците пронајдоа 15.000 евра во готовина. Измамата била извршена преку кражба на идентитет и поврзана со исплата на паричен надоместок за невработени.
Дел од повлечените средства биле насочени на банкарски сметки во Бугарија или инвестирани во недвижен имот во земјава.
Белгиската полиција нареди замрзнување на 105 банкарски сметки во Белгија и побара слични дејствија од бугарските власти.