Белгиска компанија гради фабрика за 600 вработени во ТИРЗ Кичево

Kамен-темелник за изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ беше поставен денеска во ТИРЗ Кичево, информира премиерот Христијан Мицкоски.

„Оваа значајна инвестиција, вредна 40 милиони евра, предвидува отворање на 600 нови работни места. Во првата фаза, инвестицијата изнесува 10 милиони евра, со ангажирање на 200 лица, што претставува одличен почеток и силен поттик за локалната економија.

Владата останува посветена на создавање услови за поквалитетен живот на граѓаните преку отворање нови работни места, поддршка на странските и домашните инвестиции, како и поттикнување на развојот на современи технологии.

Со ваквите проекти, не само што ја развиваме нашата економија, туку и создаваме можности за младите да останат и да ја градат својата иднина тука, во Македонија. Време е да ставиме крај на иселувањето кое беше горчлива реалност во минатото и да покажеме дека можеме заедно да изградиме подобра иднина“, потенцира Мицкоски.