Бела Хадид несомнено се стремеше да ги привлече сите погледи на хуманитарната гала на Американската фондација за истражување на сидата која секоја година се одржува во рамките на Канскиот филмски фестивал.
20-годишниот модел носеше комплетно проѕирен фустан од Ralph & Russo, откривајќи ја минималистичката долна облека.
Малку подоцна се пресоблече во металик фустан на преклоп, со висок шлиц и повторно со секој чекор ја откриваше долната облека.