Администрацијата на претседателот Џо Бајден ја повикува Украина брзо да ја зголеми својата војска со обновување на законите за мобилизација за да се овозможи регрутирање на оние на возраст од 18 години, јавува АП
Висок официјален претставник на администрацијата на Бајден, кој зборуваше под услов да остане анониме,вели дека администрација во заминување сака Украина да ја намали возраста за мобилизација на 18 години од сегашната 25-годишна возраст.
Официјалниот претставник рече дека „чиста математика“ на ситуацијата во Украина сега е дека ѝ требаат повеќе војници за војување.
Во моментов Украина не мобилизира или обучува доволно војници за да ги замени загубите на бојното поле, додека го држи чекорот со растечката војска на Русија, додаде официјалниот претставник.
Белата куќа на Бајден исто така го заострува своето гледиште дека Украина го има потребното оружје и сега мора драматично да го зголеми бројот на своите војници ако сака да остане во војна со Русија.
Белата куќа од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година и’ даде повеќе од 56 милијарди долари безбедносна помош за Украина и очекува да испрати уште милијарди во Киев пред Бајден да ја напушти функцијата за помалку од месеци.