Албански медиуми: Градоначалникот на Тетово Касами добивал со смс-пораки „жестоки закани“ по животот од В.Ј. (45), кој е уапсен од полицијата

„Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами добил пораки со закани за неговиот живот во текот на овој ден, на 17 октомври 2024 година. Од сигурни извори дознаваме дека заканувачот е В.Ј. (45). Тој е уапсен од полицијата и е на распит.“објави информативниот портал на албански јазик „Без цензура“. Информативниот портал на албански јазик „Тетово денес“ во врска со ова дополнува: 45-годишникот му се заканувал на Билал Касами со пораки на неговиот мобилен телефон. Заканите биле жестоки.

Засега нема детали, поради што В.Ј. му се заканувал на Билал Касами, кој е градоначалник на Тетово, но како прв човек на Беса и еден е од лидерите и на албанската коалиција Вреди.