Сончево и многу топло со температури кои ќе се движат од минимални утрински од 14 до 22, и максимални од 35 до 42 степена. UV=9
Влада: Трудници и лица над 60 години, да не одат на работа до следниот четврток
Во Скопје сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, продолжува и во наредните денови а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.
Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.