Демократската Унија за интеграции ќе загуби во 10 од 11 општини во вториот круг од локалните избори ако не добие поддршка од своите екс коалициски партнери ВМРО – ДПМНЕ.
Според табелата на порталот тетова1.мк во 10 општини гласовите на ДУИ и СДСМ се помалку од тие на АА и Беса што значи дека со помош на ВМРО ДПМНЕ за Села и Касами, ДУИ може да остане само со добиени Кичево, Пласница каде победи во прв круг и Липково каде што води убедливо по првиот круг а таму нема други гласови во оптек.
Во графата за Сарај не се вметнати над 200 гласа од ДПА кои сигурно нема организирано да одат кај ДУИ.
Ekxpres.mk вчера објави дека во албанскиот кампус се прават договори за маргинализирање на ДУИ во вториот изборен круг.
Вчера, лично премиерот на соседна Албанија, Еди Рама, имал средба со „албанските“ партии за подобар пласман на вториот изборен круг на локалните.