Американскиот претседател Џо Бајден се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но не не даде дозвола по барањето на Киев за дозвола за напад на цели длабоко на руска територија со проектили од американско производство, јави БТА.

Наместо тоа, тој најави обезбедување на поголема воена помош и нови средства за воздушна одбрана. Вредноста е 8 милијарди долари и вклучува муниција со среден дострел „лизгачка бомба“ лансирана од ловци што ќе им овозможат на украинските сили да ги нападнат руските трупи и линиите за снабдување од побезбедни растојанија за зајакнување на одбранбената индустриска база на Украина, како и обука на дополнителни 18 пилоти ловци Ф-16.

Пред средбата со Бајден, Зеленски им соопшти на американските конгресмени дека негов главен приоритет е да добие дозвола од САД за лансирање ракети со долг дострел за да погодат воени цели во Русија.

Тој вчера му се обрати на Бајден со итен апел да даде дозвола и со тоа практично интервенираше во заострената партиска поделба во однос на руско-украинската војна, а до претседателските избори во САД се само неколку недели, забележува „Вашингтон пост“. “.

Во меѓувреме, Њујорк Тајмс известува за проценката на американските разузнавачки служби во која се споменуваат ризиците од удари од долг дострел на Украина. Тие заклучија дека ако се прифати барањето на Украина да користи западни ракети против цели длабоко во Русија, тоа би можело да предизвика силна одмазда, а не суштински да го промени текот на војната…