Синот на претседателот Џо Бајден, Хантер Бајден, вчера беше прогласен за виновен по три обвиненија за нелегално купување и поседување оружје, додека бил зависник од дрога, пренесува Ројтерс.
Поротата во федералниот суд во Вилмингтон, Делавер го прогласи за виновен по сите три точки против него, со што Хантер Бајден стана првото дете на актуелниот американски претседател осуден за кривично дело.
На Хантер Бајден му се заканува максимум 25 години затвор…
Американскиот претседател Џо Бајден ќе го прифати исходот од судењето на неговиот син i изјави дека нема да го помилува.
ѐНо , тој, како татко изјави дека е горд што неговиот син ја победил зависноста од дрога.
„Како што кажав минатата недела, јас сум претседател, но и татко. Џил и јас го сакаме нашиот син и многу сме горди на она што е тој денес. Многу семејства имаат блиски што се борат со зависностите и го разбираат чувството на гордост кога ќе видат како некој што го сакаат е толку силен и издржлив во закрепнувањето“, рече претседателот Бајден.
Американските медиуми оценуваат дека исходот од ова судење може да се толкува и како политички штетно за кампањата за Бајден, пред почетокот на претседателските избори во САД, кои треба да се одржат во ноември годинава.