Морнаричкиот капетан Горазд Бартолшефот кој е шеф Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија денеска порача дела НАТО го враќа регионот на Западниот Балкан во фокусот и дека е посветен на развој на сите аспекти на соработка и поддршка на земјите од регионот.
Бартол на средбата на новата македонска министерка за одбрана Радмила Шеќеринска и порачал дека земјите-членки на НАТО очекуваат Македонија да ги увери дека е на реформски пат.
Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, посочила дека по Самитот на НАТО во 2008 година, политичката порака испратена до Македонија не беше добра, а потоа следеше и забавување во реформските процеси, но и дека Владата на Република Македонија развива амбициозни програми за внатрешни реформи.
„За нас постојат три клучни елементи-реформските процеси во Армијата, поставени реално и со реални временски рокови, модернизацијата на Армијата, за што очекуваме и поддршка за овој процес од ваша страна и внатрешна реформа во однос на персоналот, кој за нас е важно да покаже професионалност и да се ослободи од политика“, изјавила Шекеринска.
Според Шекеринска нема никакви дилеми дека Македонија има капацитет за промена и дека има способност да се врати на вистинскиот пат.