Невенка Стаменковска е новиот пратеник на ВМРО – ДПМНЕ во Собранието откако носителот на изборната листа во „двојката“ Никола Тодоров се повлече од пратеничката функција поради партиски и професионални адвокатски обврски.
Невенка Стаменковска беше десетта на кандидатската листа на ВМРО – ДПМНЕ која ја предводеше Тодоров. Таа е дел од луѓето кои што во последно време ги водат прес конференциите на најголемата партија.
Пред да стане пратеник таа работела како виш програмски службеник во
одделението за стратешко планирање, градење на политики и мониторинг и техничко спроведување на ЕУ во владиниот секретаријат за европски прашања.