Бананите се хранливо овошје кое ја има улогата на чувар на нашето здравје. Богато со витамини, минерали и растителни влакна, ова жолто тропско овошје освен сладок вкус нуди и многу бенефиции.
Вкусна ужина од само 100 калории, природен начин за разубавување на кожата, лек за мачнини и запек, извор на енергија… бананите се достапно овошје кое буквално можете да го носите насекаде затоа што е лесно за консумација. Но, знаете ли дека и лушпата на бананата не е за фрлање, бидејќи крие свои позитивни страни?
Еве некои од најпопуларните придобивки од егзотичната банана:
-Сојузник против акни
За да ги искористите бананите во борбата против акните, навечер, откако ќе ја исчистите кожата на лицето, нежно протријте ги акните со внатрешноста на лушпа од банана. Измијте го лицето со млака вода следното утро.
-Лек за подуеноста предизвикана од ПМС
Калиумот којшто го има во изобилство во бананите го спречува задржувањето на течности во телото, што е својствено за ПМС (предменструален синдром). Дополнително, бананата ќе ви даде енергија и ќе ве држи сити подолго време, па ќе заборавите на желбата да се „полните“ со нездрава храна.
-Намалено чешање при убод од комарец
Не ја фрлајте лушпата од бананата во лето, бидејќи може да ви го намали иритирачкото чешање предизвикано од убод од комарец. Едноставно протријте го местото на убодот со внатрешноста на лушпа од банана. Така ќе го намалите зацрвенувањето, но и ќе исчезне потребата за чешање.
-Спречување на мачнини при патување
Патувањето е една од вашите најнеомилени активности поради појавата на неподнослива мачнина? Пред да тргнете на пат, изедете една банана.
Бананите се одличен извор на енергија, а исто така го намалуваат интензитетот на нагоните за повраќање.
-Намален ризик од мозочен удар
Консумирањето на три банани дневно го намалува ризикот од мозочен удар со 21%, покажало истражување кое следело 250.000 лица во период од 30 години.
Главниот „виновник“ за тоа е калиумот, којшто го намалува крвниот притисок, кој од своја страна е главен предизвикувач на мозочниот удар.
-Здрав дигестивен систем
Бананите се ваш пријател и при запек и при дијареја. Природните растителни влакна кои ги има во бананите помагаат за одржување на здрав дигестивен тракт.