Регионот се наоѓа пред нов „Маршалов план“ односно пред нова меѓународна акција која што спред српскиот провладин весник „Новости“ ќе ја предводи Германија а ЕУ ќе ја имлементира.
Повикувајќи се на дипломатски извори, Вечерње новости тврди дека Берлин подготвил „мини Маршалов план“ за Балканот кој во следните неколку години треба да донесе свежи пари, низа инфраструктурни проекти и засилување на локалните еконломии.
Предлогот доаѓа од Берлин а наскоро треба да се најде на масата на Европскиот совет во Брисел, кој би требало да го одобри и да одреди специјален фонд за балканските земји. Ова сценарио минатата недела индирекнто го најави и германскиот шеф на дипломатијата Зигмар Габриел.
Мини Маршаловиот план треба да ги имплементира проектите кои што земјите од регионот ги предложија на првиот и вториот „Берлински процес“ а покрај економските цели треба да влијаат и на смирувањето на тензиите меѓу дел од државите. Идејата е до влезот во ЕУ што сега се чини далеку западниот Балкан да ги прифати принципите на работа на водечките европски членки.
Првиот ваков план за Балканот беше промовиран во 1999 година но тогаш иницијатор за планот беа САД и ЕУ. Името на планот е познат како „Пакт за стабилност“ кој освен големиот број конференции и новосоздадени институции не донесе значителна промена на Балканот.
Тогашниот министер за надворешни работи на Германија Јошка Фишер не сакаше да открие колку пари требаше да бидат дадени за обнова на регионот но според западните медиуми и експерти планираните суми беа во вредност меѓу 20 и 100 милиони долари.
Пактот за стабилност беше целосно промашување на западните земји кои во рамките на групата 8 беа подддржани и од Русија. Не повеќе од неколку милијарди евра поделија балканските земји во рамки на планот.