Балканот заедно до американски, кинески и јапонски туристи

Заеднички туристички производ ќе понудат земјите од Балканот во обид да привлечат повеќе гости од далечниот исток и од САД.

Ова е договорено на средбата на претставници на балканските турстички асоцијалции и компании од Македонија, Бугарија, Албанија, Косово,  Црна Гора и Босна и Херцеговина во Охрид организирана од Балканската алијанса на хотелски асоцијации (БАХА).

По дваесетина години неуспех со национален пристап да се привлечат гости од трите богати држави балканските туристички работници со исклучок на Србија која што не учествуваше на состанокот, се договорија во иднина да нудат пакети на повеќе регионални атракции.

Главното мото на БАХА во регионалната соработка е „за соседот можеш да кажеш или добро или ништо“ а пораката од Охрид е дека културниот туризам треба да се прави од историјата а не од војните.