Членови на навивачката група „Балисти“ одд Тетово на социјалните мрежи се жалат на дискриминација во Струмица каде што според нив биле жртви на дискриминација само затоа што како Албанци од Македонија сакале да навиваат за Албанија.

Групата пред јавноста покажа десетици карти купени за мечот во рамки на квалификациите за СП 2018 кој се играше вечерва во Струмица но тврдат дека организаторите не им дозволиле да влезат на стадионот само затоа што биле навивачи на Албанија.

„Имавме билети за мечот но не ни беше дозволено да влеземе на стадионот само затоа што сме Албанци и пред се затоа што сме Балисти“, пишува во објавата на навивачката група Балисти на социјалните мрежи која предизвика низа коментари.

Навивачката група Балисти го поддржува фудбалскиот тим на Шкендија од Тетово а на нивните профили на социјалните мрежи пишува дека се од Тетово – Илирида.

Оваа група своето име го презела од воената организација Бали Комбтар која што во втората светска војна била дел од фашистичките Италијански и Германски воени сили во Македонија, Косово и Албанија. Делувала во западниот дел од Македонија каде што извршика голем број злосторства против цивилното Македонско население.