Бакојани: Владата ги ослабува позициите на Грција

„Кога имате влада каде еден министер не може да убеди друг за исправноста на неговата преговарачка линија, ова значително ја ослабува позицијата на Грција“, вели Дора Бакојани.

„Сметам дека е неверојатна слабост на владата да не ја информира опозицијата. Ова е знак на ароганција. Националните прашања не се партиски прашања“, рече пратеничката и поранешна министерка за надворешни работи.


Претходно истакнатата пратеничка на Неа демократија, Дора Бакојани, ја обвини владата за „ароганција“ во разговорите за името.

Грчката опозициска партија Неа демократија ќе ја одржи истата линија во врска со тековните разговори со поранешната југословенска Република Македонија (ФИРОМ), што беше зацртана пред Самитот на НАТО во 2008 година, кога Атина стави вето на кандидатурата на својот сосед за пристапување во Алијансата, вели лидерот на НД, Киријакос Мицотакис.

Зборувајќи пред партиски членови во Атина, тој ја обвини владата предводена од левичарите(СИРИЗА) дека одбрале „да водат тајни разговори“, а министерот за одбрана, Панос Каменос, кој ја предводи помалата партија во коалиционата влада, го обвини за неговите напори да се задржи на функцијата.

Кирјакос Мицотакис, како што пренесува „Катимерини“ се осврнал на очигледниот јаз во коалицијата меѓу левичарската СИРИЗА и нејзиниот помлад партнер, десничарската „Независни Грци“, во врска со позицијата на владата за разговорите за името, истакнувајќи дека „најмалку што може да се стори“ е да се брани предноста што ја стекна Грција на самитот во 2008 година за време на владата на НД на премиерот Костас Караманлис.