Легендарниот тренер добил понуда од баварскиот тим да го предводи до крајот на сезоната, јавува Билд. Јуп е во пензија од 2013 година кога го заврши третиот мандат во Баерн и од тогаш не работи никаде.
Германскиот весник ја нарече понудата „фудбалска сензација на годината“, и тврди дека тоа се случило и дека се е на разгледување кај човекот кој веќе има освоено 7 титули во Бундес лигата, две во ЛШ и уште многу други, но нема сознанија дали Хејнкес ќе прифати.
Во претходните три наврати Јуп, кој има полни 72 години, во Минхен се задржа вкупно седум години со тоа што во последните два наврата, слично како и сега, беше повикуван на испомош. Многумина сметаа дека Баерн ќе бира меѓу Томас Тухел и Јулијан Нагелсман, но се ќе биде пролонгирано ако Хајнкес прифати и го замени Вили Сањол кој во моментов ја води екипата.