А, од љубов не се бега (ВИДЕО)

Полицијата го уапси, но и веднаш го ослободи човекот што скокнал на сцена и го прегрнал турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на митинг во Ширнак.

“Хуријет” пишува дека полицијата веднаш го уапсила, но и го ослободила, зашто се покажало дека тој не претставувал опасност за претседателот.

Хусеин Демирзан, се качил на сцената за време на митингот за да го поздрави претседателот и лесно го избегнал обезбедувањето, што отвори дебата во земјата околу квалитетот на безбедноста на шефот на државата.