За да им посака добредојде на Романија и на Бугарија во Шенген зоната (од 1 јануари) шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави видео на социјалната мрежа Х каде во сино ги прикажува земјите членки на Шенген зоната.
Покрај нив, на мапата беа прикажани и земји кои не се во Шенген, а тоа се шесте држави на Западен Балкан, пренесува Klankosova.tv.
Но, она што се издвои е отсуството на гранична линија меѓу Косово и Србија, со што Косово е претставено како дел од неговиот северен сосед.
На ова реагираа корисниците на Х, меѓу кои и германската политичарка, Дорис Пак, која ја праша својата сонародничка: „Каде е државата Косово?“.
По реакцииите на јавноста, ова видео исчезна од социјалните мрежи.
Klankosova.tv ја контактираше Европската комисија за да добие став по ова прашање.
Неофицијално, официјален претставник на ЕУ рече дека видеото е отстрането веднаш штом „ беше обрнато внимание на прашањето“.
„Видеата на социјалните мрежи на Европската комисија, кои беа објавени за добредојде на Романија и Бугарија како полноправни членки на Шенген зоната, беа отстранети од сите платформи штом ни беше ставен на вниманието на ова прашање“, рече претставникот на ЕУ.
На прашањето дали ставот на ЕК е дека Косово не е независна држава, Kosova klan не доби конкретен одговор, но било одговорено: „Фактот што сликите се отстранети е сосема сам по себе објаснување“.
Урсула фон дер Лајен престојуваше на Косово во октомври минатата година каде имаше средби со државниот врв, потсетува порталот.