Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека посетите на Прибе на Скопје,  на шефот на дипломатијата Димитров на Атина и на премиерот Заев на Софија е дел од ткн „Тиранска платформа“ односно на програмата на ДУИ и на останатите албански партии.

Запрашан до каде е имплементацијата на заедничката Декларација која ја потпишаа албанските партии, Ахмети рече дека е процесот е во тек.

„Веќе е тој процес е отпочнат. За тоа пример се средбите со нашите соседи, со Грција и Бугарија. Бевме и дел од средбите со Рајнхард Прибе и Јоханес Хан, со тоа што почнавме да работиме на евроинтеграцискиот пат, што е една од клучните точки во декларацијата“, изјави денеска  Ахмети.

Според него албанските партии имаат заедничка одговорност за она што го договориле и потребно е сите да дадат придонес за тоа да се реализира, индиректно обвинувајќи ги БЕСА за неодговорност откако тие решија да не дојдат на средбата.

На Ахмети по 15 години активно занимавање со политика од кои 13 е дел од владата денеска му текнало дека изборните програми на албанските партии се слични.

„Денеска заклучивме дека нашите изборни програми се слични и голем дел од нив се вметнати во владината програма“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со претставниците на албанските партии во земјава.

За БЕСА средбата на ДУИ со Алијансата на Албанците е политички маркетинг во пресрет на локалните избори. Тие се подготвени за сериозна средба во Собранието која што би била кооринирана од пратеничките групи.