Лидерот на ДУИ Али Ахмети со уште неколку лидери на неговата коалиција остана сам во случајот со ,,балансерот”.
Покрај гласните реакции на неговите сопартијци, интелектуалци блиски на ДУИ и Зијадин Села во јавноста владее молк од странците за одлуката на Уставниот суд со која се укина таканаречениот ,, Балансер”.
За алатката со која вработувањата во државната администрација се вршеа само затоа што некој е Албанец, Турчин, Македонец, Ром, Србин или други, досега нема никаква реакција од ниту еден од странките дипломати во Скопје или регионот.
Вообичаено гласната дипломатска ЕУ и НАТО заедница во Скопје и регионот која вообичаено коментира жешки политички теми а која е секогаш добро информирана за сите состојби сега молчи.
Предходно ставот на ЕУ содржан во извештаите на Брисел за состојбите во Македонија е дека таканаречениот ,, Балансер” е веќе надминат и дека треба да се укине.
Ахмети кој сега не добива поддршка од земјите членки на ЕУ и НАТО на оваа тема ја загуби и поддршката од своите партнери во СДСМ откако екс премиерот искажа задоволство што е укинат балансерот.