Атлетико Мадрид го добива голгетерскиот џек пот, Лаказет

Александре Лаказет соопшти дека е време да се раздели со Олимпик Лион, а на Висенте Калдерон се подготвени да ја отворат касата. Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не крие дека тоа му е најголемата желба за летниот преоден рок, а многумина тврдат дека тоа е можеби и условот за останување на Аргентинецот.

Лаказет инаку е само еден од четворицата напаѓачи во петте најсилни лиги на светот, заедно со Роналдо, Меси и Кејн, кој успева три години по ред да има најмалку 20 голови по сезона. Сумата која е во оптек е 50 милиони евра.