Атина пред тешка одлука за името, август жежок месец за грчката дипломатија

Грчкиот весник Катимерини којшто беше еден од столбовите на грчката медиумска поддршка за црвените линии во спорот за името од 1990 година, тврди дека владата на Ципрас се соочува со тешки решенија во односите со Македонија.

„Јасно е дека во наш интерес е да најдеме решение кое што нема да ја загрози грчката репутација и во исто време да ја заштитиме нашата соседна држава“, се вели во текстот на Катимерини.

Според влијателниот грчки весник „Во врска со внатрешниот баланс на силите просторот за маневар на Ципрас е минимален. Новата влада во Скопје се обидува да демонстрира дека нешто е променетo по поразот на Груевски. Конкретни мерки и отстапки ќе бидат неопходни за да се поправат влошените релации меѓу двете земји. Јули ќе биде жежок месец за грчката дипломатија“, смета добро информираниот весник кој во минатото многу често пренесуваше изјави од медијаторот Метју Нимиц.

Авторот на текстот верува дека со консензус и со хармонија Грција може да се соочи со овој предизвик.

Пред два дена неделникот „Реал Њуз“ објави дека не август туку септември е месецот во кој ќе почне да се решава името а периодот се поврзува со завршувањето на изборите во Германија каде се очекува нова победа на Меркел.

Според овој неделник Коѕиас во Август ќе пристигне во Скопје со нов предлог за името. (читај овде кој е предлогот)