Словачкиот премиер Роберт Фицо бил застрелан по состанокот на владата  кога отишол меѓу насобраните луѓе.

Според информациите, премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот.

Веднаш бил пренесен во болница, но нема информации за состојбата на застреланиот премиер.

Новинарите кои беа на местото на настанот сведочат дека се слушнале неколку истрели од пиштол пред да настане метеж околу премиерот.

Тие велат дека обезбедувањето брзо втурна некого во автомобил и замина.

Се смета дека лицето е осомничениот кој пукал, иако тоа не беше потврдено од локалната полиција.

Од кабинетот на премиерот нема информации за случајот.

Медиуми објавија снимка од совладувањето на атентаторот.