Аналитичарот Петар Арсовски смета дека е многу веројатно во вториот круг од претседателските избори да влезат кандидатите поддржабни од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Според Арсовски, интересен феномен што се појави на овие избори е што збирот на рејтинзите на албанските партии заедно за првпат го надминува рејтингот на една македонска партија, СДСМ“, вели Арсовски за „ТВ21“.

Аналитичарот Владимир Божиновски, од своја страна вели дека овие претседателски избори не се само за да се види кој ќе оди во вториот круг, туку за да се измери силите на политичките партии.