Арсен Венгер во име на својот клуб во Ница разговара со Монако и со менаџерите на Килиан Мбапе, а ново во веќе започнатите комуникации е што Арсенал сега нуди 121.8 милиони фунти. Тоа е одговор на понудата од Реал Мадрид од пред некој ден која изнесувала 118 милиони фунти.
Арсен Венгер го сака Мбапе или некоја од големите ѕвезди на светскиот фудбал, затоа што наверојатно тоа го ветил кога сопствениците минатата недела му дадоа можност да остане на Емирати во Лондон и во 21. година. Проблем е што конкурентите се уште не го кажале последниот збор, а знаејќи дека во игра се Реал и Манчестер Јунајтед, не е исклучено тие наскоро одново да ја подигнат границата.