Еден од најдобрите голмани во историјата на ракометниот спорт Арпад Штербик е прогласен за најдобар играч на завршниот турнир од Лигата на шампионите. Унгарскиот Србин со шпански пасош и под македонско знаме во Келн блескаше како да има 20. години, а не 40. години, и го носеше Вардар до сензацијата приредена во Ланксес арената.
Арпад имаше 14 интервенции вчера против Барселона (26-25), а денеска нови 10 со еден пенал против ПСЖ (24-23) по што заслужен и логичен беше изборот на новинарите кои го следеа турнирот. За Штербик ова е 4. титула со третиот клуб. Заслужено.