Асоцијацијата за приредувачи на игри на среќа (АПИС), во името на 10.000 вработени во секторот игри на среќа и нивните семејства им оддава признание на сите пратеници кои не гласаа за скандалозните и противуставни измени на Законот за игри на среќа по одлуката на Претседателот на Републиката да не го потпише указот за нивното стапување во сила.
Во Собранието не помина Законот за игри на среќа
„Покажаа дека имаат слух за нашите аргументи, го заштитија Уставот и спасија илјадници работни места. И покрај агресивната долготрајна негативна кампања против игрите на среќа, предизборните притисоци, мнозинството пратеници останаа доследни на ставот дека нема да дозволат злоупотреба на ЕУ знамето за законски измени кои немаат никаква врска со хармонизација со европското законодавство“, реагираа од АПИС.
„Сакаме да искажеме благодарност на официјалните претставници на ЕУ кои доблесно укажаа дека нема да премолчат злоупотреби кои нанесуваат директна штета на европските демократски вредности, чија имплементација во нашето општество на сите нивоа е клучна за исполнување на стратешките цели за полноправно членство во европското семејство“ се вели во реакцијата која уследи откако во Собранието не помина Законот за игри на среќа за чие усвојување недостигаа 10 пратенички гласови „за“..