– Не е само бугарската историографија таа која што го негира македонското постоење. тука се сите помошни науки како етнологијата, етнографијата, фолклористиката, етнимузикологијата, етнокореологијата па и лингвистиката кои што веќе два века разботат за иста кауза на негирање на нашето постоење, вели во својот јавен апел упатен до македонските новинари етнологот и етномузиколог Ивона Опетческа -Татарчевска во врска со договорот за добрососедство со Бугарија кој е најавен за потпишување на Илинден.

Во врска со овие прашања до следниот Илинден треба да се произнесат не само историчарите туку и македонските научници од сите погоре наведени научни дисциплини. Драги новинари бркајте ги прашувајте ги нашите лингвисти, етнолози, етнимузиколози, фолклористи кои мора да се произнесат пред било каква будалаштина да направат политичарите. Не е наивна работата. Вака така историчарите се произнесоа, ама другиве катедри, институти нешто ги нема на дебатни емисии. QUO VADIS  етно научници, прашува Опетческа Татарчевска која што работи како виш соработник за фолклорни добра во Одделението за духовно културно наследство во Управата за заштита на културното наследство.

Таа од 2013 е координатор на тимот кој го впиша првото нематеријално добро од Република Македонија на Репрезентативната листа на УНЕСКО и од тогаш во континуитет работи на 5-те апликации, од кои три се успешно завршени. Како дипломиран етномузиколог и магистер по етнологија, во континуитет соработува со реномирани научници од областа на културната антропологија, етнологија, етнокореологија и етномузикологија, а редовно учествува и на големи и значајни симпозиуми, семинари и конференции, напиша лани за неа магазинот Cooltura.mk.