Минатото лето и пропаднаа сите сништа. Бракот со Бред беше во криза, а таа во тоа време се разболе и доби нова дијагноза. Таа откри дека има Белова парализа, болест која може да доведе до ненадејна слабост или до парализа на мускулите. Во интервју за Vanity Fair Анџелина Џоли (42) зборуваше за разводот од Бред Пит (53) и раскажа дека сè било во ред до минатото лето, до моментот кога таа започнала со работа на филмот “First They Killed My Father”.
Анџелина не сака да открива детали и вели дека сето тоа го прави со цел да ги заштити своите деца.
“Како девојче бев многу загрижена за мојата мајка кога и се случи истото. Не сакам моите деца да минуваат такво нешто. Подобро е да се исплачете под туш и се да скриете од нив. Тие треба да знаат дека се ќе биде во ред иако дури и да не сте сигурни за тоа”, рече таа и додаде дека таа и нејзиниот поранешен сопруг се насочени кон заедничка цел, а тоа се нивните деца.
За да бидат работите уште полоши, Џоли токму во тој период дозна и дека нејзиното здравје е во опасност. Симптомите на Беловата парализа се слични на оние од мозочен удар, но е специфично тоа што пациентот чувствува слабост на една страна од лицето, а не и на рацете или нозете. Покрај тоа на Џоли и е откриено и дека страда од висок крвен притисок.
“Не знам дали е во прашање менопауза или само лоша година. Понекогаш жените го ставаат своето здравје на последно место и заради тоа страдаат”, рече Анџелина, додавајќи дека нејзиното семејство секогаш ќе и биде на прво место.
Џоли и Пит беа заедно 12 години, а се венчаа во 2014. година. Минатата година во септември Анџелина поднесе барање за развод. Тие имаат шест деца: Медокс (15), Пакс (13), Захара (11), Шило (10) и осумгодишните близнаци Нокс и Вивиен.
Анџелина вели дека ќе земе пауза од работа и снимањето филмови, и дека ќе му се посвети на мајчинството.
“Сакам да бидам дома и да ги научам сите јадења што моите деца ги сакаат. Тие ми велат дека треба да одам на часови по готвење. Сакам кога ќе легнам во кревет навечер да бидам сигурна дека сум сторила се да бидам добра мајка” заклучува една од најубавите жени на светот, Анџелина Џоли.