Американскиот магазин „In Touch“ тврди дека Бред Пит (53) е заљубен во младата Британка Ели Пурнел (21) и прави сѐ што може за да ја освои. Таблоидот пишува дека возрасниот колега и дал улога на Пурнел во еден од филмовите што тој ги продуцира.
Покрај тоа што е актерка, Пурнел и пее, и тоа добро, а на социјални мрежи често го покажува својот талент. Пурнел остана запаметена во филмскиот свет по настапот и улогата во филмот „Малефицент“ од 2014 година.
„На Бред не му смета разликата во годините. Но, кога Анџелина дознала дека Пит бил заинтересиран за Пурнел, била многу лута. Таа е постара само пет години од неговиот најстар син Мадокс“ додава изворот.
Бред Пит претходно беше поврзуван со неколку негови колешки, меѓу кои и Сиена Милер (35).