Перо Антиќ постигна седум поени со лош шут (2 од 8), но имаше и три скока, две асистенции и битна улога во дефанзивата за 21 минута во триумфот број два за Црвена Звезда во кошаркарската Евролига. Тој е остварен против Макаби со 87-84.

Актуелниот македонски репрезентативец Џордан Теодор, пак, беше поефикасен во дуелот кој неговиот Армани го доби со Барселона со 78-74. Бекот даде 19 коша со пристоен процент на удари од 50 насто. За тимот од Милано ова е прва победа сезонава.