„Движењето Антикоцкање“ повторно побара од пратениците да гласаат за предлог-законот за коцкање, кој прв го укина претседателот на државата Стево Пендаровски.

Јуши Емерлаху од двиужењето рече дека очекуваат овојпат законот да го поддржат најмалку 61 пратеник, за повторно да не зависи од претседателот.

Тој нагласи дека ќе ги објават имињата и фотографиите на пратениците кои нема да гласаат за предложениот закон со кој се предвидува отстранување на казината и обложувалниците на 500 метри од образовните објекти, информира Телеграфи Македонија.

„Апелираме до сите пратеници бидејќи има 120, а минатиот пат гласаа само 55 и тоа е разочарувачки. Што прават другите пратеници?

Апелираме овој закон да биде поддржан од сите, бидејќи е првиот закон кој ги штити граѓаните од коцкање.

Иако не ги содржи нашите барања, сепак е добар почеток. Колку и да е лош законот, подобро е отколку да го немате“.