Антикорупционери лажеле и “краделе километри”, ги фати ревизијата

Дел од членовите на Антикорупциската комисија добивале пари за патни трошоци затоа што доаѓале на седници, а исплата се вршела врз основа на лажни патни налози.

Некои од членовите воопшто не доаѓале на работа туку доаѓале само кога имало комисиски седници, иако тие се вработени лица на кои им се исплаќа бруто плата и секој ден треба да доаѓаат на работното место, пишува порталот СДК.мк кој објавува дека членови поднесувале три патни налози за ист ден, односно дека член на комисијата истиот ден бил во странство и на седница на комисија.

Ова го покажува внатрешната ревизија на регуларноста на плати и други надоместоци на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за 2016, која ја направила Управата за јавни приходи (УЈП).

Ревизијата се однесува на составот на Комисијата избран во април 2015 година објави сдк.мк.