Анкетата на агенцијата Маркет Вижн за рејтингот на политичките партии и лидери наметнува едно логично прашање: Со кој ум СДСМ и ДУИ зборуваат за предвремени избори?
Според анкетата нарачана од МКД.мк а спроведена од досега најпрецизната истражувачка агенција во Македонија пред се СДСМ но и ДУИ ќе доживеат тотален дебакл.
Двете партии заедно според истражувањето немаат ниту десет проценти доверба од гласачите.
На прашањето кога следните избори би се одржале утре, за која политичка партија би гласале, за 21,5 % од гласачите изборот е ВМРО-ДПМНЕ, за 5,5% од гласачите е коалицијата Вреди (Влен), за ДУИ би гласале 5,4%, за СДСМ 3,9%, за Левица 2,9%, за ЗНАМ 2,1%…
Повеќе од 50 отсто од испитаниците на ова истражување одговориле дека не сакаат да одговорат, дека нема да гласат, дека се уште не се определиле и дека не знае за кого да гласа.
Анкетирањето беше спроведено од 6 до 15 декември година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.
Повеќе резултати од анкетата
Агенцијата Маркет Вижн досега не направи ниту една грешка во анкетите
Црно и се пишува на СДСМ ако се суди според истражувањето на Маркет Вижн
Најчитани статии
Една од македонските херои кои вчера спасиле многу животи по терористичкиот напад
Македонка анестезиолог меѓу лекарите кои вчера спасувале животи во Магдебург