Англичанката Џун Милис (96) е осуден на условна затворска казна од 18 месеци поради предизвикување сообраќајна несреќа во која загина пешак.
96-годишната жена се изјаснила за виновна за предизвикување сообраќајна несреќа во август минатата година во која загинаи 76-годишната Бренда Џојс и 80-годишната Џенифер Енсор се здобила со полесни повреди.
За време на изрекувањето на пресудата, судијата Сајмон Медланд рече: „Како и да гледате, овој случај е целосна трагедија. Г-ѓа Џојс е мртва, г-ѓа Енсор е повредена, а вие седите на обвинителна клупа“.
Адвокатот на 96-годишната рече: „Ова е очигледно ужасно тажен случај. Г-ѓа Милс, таа длабоко жали што се случи. Последиците ќе ја прогонуваат засекогаш. Чувствува голем срам и вина“, пренесува Sky News.
Милс мора да плати казна од 1.500 фунти и судски трошоци од 500 фунти.
Таа доби пет години забрана за возење.