Албанците се мнозинство во Македонија, тврди аналитичарот Мухамеди!

Публицистот и политички аналитичар Нијази Мухамеди не се согласува со тврдењето на потпретседателот на партијата Единствена Македонија, Стефан Влахов-Мицов, дека во државава има помалку од 25 проценти Албанци, тврдејќи дека токму тие се мнозинство, а Македонците малцинство!

„Мицов неколку пати го повторува тоа во телевизиски дебати, но изгледа дека не сака да ја прифати реалноста. Албанците во Македонија не се број два, туку број еден, 47 проценти од населението се Албанци. Од сега па натаму, секој треба да каже дека Албанците се мнозинство во Македонија, како што според новите податоци излегува дека оние кои се сметаат себеси за словенски Македонци не се ни 40 отсто. Иако податоците за малцинствата не се точни, тие се помалку од 15 отсто од вкупното население“, вели Мухамеди во изјавата што ја цитира порталот на албански јазик „Журнал“.


„Според информациите добиени минатата недела од една меѓународна институција, Албанците во Македонија се 47 отсто од вкупното население во Македонија“, додава Мухамеди.