По зголемените очекувања на македонската јавност за можно решение на спорот за името и брз влез во НАТО и започнување преговори со ЕУ се јави грчкиот амбасадор Александрас Маљас. Тој во деведесетите години од 20 век беше директно вклучен во преговорите меѓу Грција и Македонија при потпишувањето на времената спогодба а подоцна и како советник на грчките премиери и министри за надворешни работи имаше значајна улога во креирањето на грчката политика кон Македонија.
Во анализа објавена во име на грчкиот институт за надворешна политика ЕЛИАМЕП кој директно работи на надворешно политичката платформа на грчката влада без разлика кој е на власт пред првата средба меѓу Никола Димитров и Никос Коѕиас во Атина Маљас порачува дека нема простор за задоволство иако има позитивни тенденции во Македонија. Анализата на Маљас е објавена неколку часа пред Димитров да го даде интервјуто за грчката телевизија Скај (читај тука)
Тој вели дека е пристијно да и честита на новата влада во Скопје особено на министерот Никола Димитров за кого смета дека е најдобар и најуспешен македонски дипломат со чиј татко соработувал во времето кога тој беше министер за култура во владата на Љубчо Георгиевски.
Маљас се потсетува дека со Димитров имал неколку средби кога тој бил советник на покојниот претседател Борис Трајковски а заедно биле и амбасадори во Вашингтон.
Грчкиот дипломат смета дека Димитров има проблем да се привикне на импресивните споменици на грчките херои Александар Велики, Филип втори и на божицата Олимпија на кои гледа од зградата на неговото министерство но очекува целосно да ја напушти официјалната политика на Скопје во времето на тандемот Груевски – Иванов.
Дел од тезите на авторот на кратенката ФИРОМ и главен стратегист на Грција пред и по времената спогодба во 1995 година ги кажа и министерот Коѕиас во вчерашната порака преку агенцијата АНА – МПА. (читај тука)
Маљас зборува дека Груевски не бил сам во спроведување на политиката на „антиквизацијата“ во периодот од 2006 до 2017 година и дека имал поддршка од голема група луѓе вклучително и амбасадори со што индиректно му забележува на Димитров дека барем формално како дипломат бил дел од политиката која што според него е штетна за односите межу двете земји.
Маљас спори дека „антиквизацијата“ била реакција на НАТО самитот и ветото на Грција во 2008 година затоа што аеродромот во Петровец го добил името Александар велики во 2007 година а коридорот 10 уште порано.
Според Маљас премиерот Заев признал дека Македонија направила грешка со присвојувањето на грчките херои но нему сега му забележува затоа што не сака да ги урне. Според Маљас тоа покажува дека Заев има намера да продолжи статус кво ситуацијата во поглед на ова важно прашање.
Маљас како фундаментална причина за спорот меѓу двете земји го споменува макдонскиот устав од 1991 годинна во кој според него се содржат сите причини за македонските надворешни и внатрешни проблеми. Се работи за лош устав направен по урнекот на стариот устав на СФРЈ а не на европски принципи, смета Маљас.
Доколку Македонија навистина сака да ги реши своите проблеми вклучително и спорот за името тогаш според Маљас мора да го смени уставот што не е проблем затоа што тој досега бил менуван триесетина пати.
Грчкиот дипломат се осврнува на „Платформата на албанските партии“ за која би бил посреќен ако била потпишана во Скопје или Тетово а не во Тирана, а која што дава придонес за стабилноста на земјата.
Според Маљас во интерес на Грција е Македонија да го зачува суверенитетот и интегритетот и да се постигне договор за името и затоа тој го повикува премиерот Заев да работи искрено на решенија а не да користи тактики. Тој ги повикува двете страни и Атина и Скопје да не ги подигнуваат очекувањата затоа што ќе се соочат со многу дилеми, и проблеми како и со илузии. Ги повикува и двете влади, политичките елити, медиуми и невладиниот сектор да се обидат да ги подобрат односите меѓу двете земји и да создадат подобра иднина за младите генерации.
Маљас бара од Македонија да не смета на Брисел и Вашингтон како на фактори кои што можат да го решат проблемот туку да се фокусираат на своите позиции од кои зависи дали спорот ќе биде надминат. Тој потсетува дека унилатералното признавање на САД на уставното име на Македонија не помогна земјата да влезе во НАТО.
Ако Македонија сака да влезе во НАТО тогаш Маљас препорачува решението да се бара во „Сложено име со географска одредница за употреба во сите меѓународни инстанци“ како формула која што е прифатена од сите грчки фактори во 2007 година а која што е отфрлена од моќната грчка дијаспора.
Тој во исто време најавува можност Грција да се повлече од „Времената спогодба“ од 1995 година која што се смета за застарена и за која нема интерес да ја почитува пред се поради тоа што Меѓународниот суд на правата во Хаг во 2011 година погрешно ја интерпретирал. Сепак смета Маљас, времената спогодба сеуште е валидна барем на хартија.