Во заедничка изјава на сопружниците Аналена Бербок Даниел Холефлејш, цитирана од таблоидот Билд се вели дека одлуката е донесена пред извесно време.
„За да се избегнат можните шпекулации: немаме нови партнери. Она што останува најважно за нас е да се погрижиме нашите две ќерки да растат во мир и љубов“, рекоа Бербок и Холефлејш, додавајќи дека ќе продолжат да живеат во нивниот заеднички дом во Потсдам.
Политичарката и нејзиниот сопруг не ги прецизираа причините за разводот, барајќи да се почитува приватноста.
Бербок и Холефлиш се запознале пред околу 20 години и почнале да се забавуваат кога и двајцата биле членови на Партијата на зелените. Тие се венчаа во 2007 година.
Двојката има две ќерки, тие имаат 9 и 13 години.
Сопругот Холефлејш работел за поштенската компанија Deutsche Post DHL, но во 2021 година, кога Бербок ја презеде функцијата шеф на германското Министерство за надворешни работи, тој одлучи да се повлече за да може неговата сопруга да се фокусира на нејзината кариера. Потоа стана консултант за односи со јавноста.
Бербок е првата жена на чело на германското Министерство за надворешни работи.
Во 2005 г таа се приклучи на Зелената партија и почна да работи како советник на европратеник.
Во 2013 г таа стана пратеник во Бундестагот, а во јануари 2018 година стана копретседател на Зелените.