Меѓусебните царини на САД и Кина веќе надминаа 100%, но ова не е крајот на зголемувањето на царините од Вашингтон, се вели во соопштение на Белата куќа.
Во соопштението на американската администрација се потсетува дека на почетокот на април, американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 10 отсто за сите земји и поединечни зголемени царини за земјите „со кои САД имаат најголем трговски дефицит“.
На овој начин, претседателот сакаше да го „израмни теренот за игра и да ја обезбеди националната безбедност на Америка“.
Според Белата куќа, повеќе од 75 земји ширум светот „веќе влегле во преговори“ со Вашингтон со цел да се реши ситуацијата и да се „склучат нови трговски договори“.
Поединечните царини беа суспендирани [за сите земји] освен Кина, која возврати со зголемување на царините на увоз на американски производи на 125%.
Како резултат на „одмаздничките мерки“ на Кина, таа сега се соочува со царини до 245 отсто на увозот од Соединетите држави“, се вели во соопштението.
Белата куќа не даде детали за времето или конфигурацијата на мерките за заострување.
Вкупната царина за стоки од Кина сега достигнува 145%.