Американските амбасадори од регионот летаат во воздух

Американскиот амбасадор во Приштина Грег Делави денеска објави невообичаена фотографија на која што далеку од дипломатскиот протокол тој и неговите колеги скокаат во воздух.
Во пораката на социјалната мрежа Твитер амбсададорот на САД објаснува дека се чувствува окуражен од средбата со американските амабсадори во регионот со кои што разговарал за подобрувањето на регионалната соработка и безбедност и зајакнување на владеењето на правото во овој дел од Европа.
На средбата со амабсадорите од регионот е и заменик помошникот на државниот секретар на САД Хојт Брајан Ји кој што исто така за кратко летнал во воздух.
Ова е ретка фотографија на која што американските дипломати прават нешто што е далеку од вообичаениот протокол за главно крајно сериозната дипломатија на САД која што во одсуство од вистинска акција на ЕУ е под постојан притисок да ги гаси националистичките и меѓуетничките огнови во регионот.