Амбасадорот Ромео ги поврза Италија и Македонија со Рим и Византија!

Амбасадорот на Италија во Скопје, Карло Ромео, изјави дека односите со Македонија имаат милениумска историја, датирајќи уште од времето на империите Рим и Византија.

„Односите меѓу Италија и Македонија се одлични од сите гледни точки, политички, историски, културни, економски и трговски, тоа се односи засновани на долга историја, од Римската империја, која остави голема трага врз Византиското царство“, изјави Ромео за италијанската новинска агенција Аскањуз.

„Италија секогаш била блиска со Македонија, особено од моментот кога таа стана независна, и таа е една од земјите што верно ги поддржуваат аспирациите на Македонија за влез во ЕУ и во Атлантската алијанса“, додаде шефот на италијанската дипломатска мисија во македонскиот главен град.