Енормното загадување во главниот град ги загрижи дипломатските претставништва во земјата, особено по лиферувањето на веста дека вчера Скопје бил најзагаден град во светот.

„Загадувањето во Скопје е толку големо што едвај може да се види зградата на амбасадата. Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“ гласеше апелот од амбасадата на САД на „Твитер“.


Неколку часа подоцна на „Твитер“ реагираше амбасадата на Руската федерација во кој беше напишано:

„Бидејќи нашите пријатели од американската амбасада бараат идеи за загадувањето на воздухот во Македонија, сакаме да помогнеме со речение. Турски тек“

Само за потсетување, гасоводот „Турски тек“, кој треба да биде замена за проектот „Јужен тек“,  треба да транспортира руски гас во Европа.

Од Русија по дното на Црното Море, Турција, Грција, Македонија и преку Србија до Унгарија, а можеби и Австрија би била можната рута на гасоводот зад кој стои руски „Газпром“.