„Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари смета дека неговата партија би било подобро да премине во опозиција, поради влошените односи меѓу партнерите во Владата.“ – објави информативниот портал на албански јазик Алфакс во својата вест со наслов „Таравари признава дека ќа излезат од владата“.
Порталот пишува: Таравари дополни дека конечната одлука во врска со тоа ќе ја донесе раководството на партијата. Тој најави и дека наскоро ќе одржи средба со премиерот Мицкоски. „Немаме дефинитивен став, но довербата меѓу нас во владината коалиција е во бедна состојба. Треба да се сретнам повторно со премиерот, бидејќи е коректно да го сторам тоа уште еднаш. Верувам дека Алијансата за Албанците треба да биде во опозиција и да се обиде да ја спроведе најдобрата, најуспешната можна трка, да се организира преку штабови, преку ограноци и да се обиде да освои школку е можно повеќе општини. Но, конечната одлука треба да ја донесе раководството на партијата.“ – посочи Арбен Таравари.
Во втората вест со укажувачки наслов „За Таравари ДУИ е веќе реформирана!“ Алфакс објави: „Алијансата за Албанците е повеќе од Вреди комплетно, заедно.“ – нагласи Арбен Таравари, вечерва на отворањето на нејзиното седиште во Скопје, каде што зборуваше и за политичките актуелности.
Потоа порталот ја цитира изјавата, која ја даде Таравари во овој контекст: „Алијансата за Албанците е повеќе од целата Вреди комплет, заедно. Овој факт тие никогаш нема да го прифатат. Кога решивме да одиме со Вреди, за да донесеме промени, ние ја завршивме најдобрата можна работа и секој од вас треба да биде горд што ДУИ отиде во опозиција. ДУИ мораше да оди во опозиција и добро се снајде. Ѝ дадовме можност полека да се реформира. Малку и самите се реформираа, малку и други различни чинители повлијаеа да се реформира, а и ние го дадовме својот удел во тоа.“