Копретседавачот на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfG) Тино Хрупала го доведе во прашање членството на Германија во НАТО.
„Одбранбениот сојуз мора да ги прифати и почитува интересите на сите европски земји – вклучително и интересите на Русија“, рече Хрупала за весникот „Ди Велт“ во коментарите објавени во неделата.
„Ако НАТО не може да го гарантира тоа, Германија мора да размисли до кој степен тој сојуз е сè уште корисен за нас“, додаде тој.
Тој инсистираше на тоа дека за неговата партија Германија да ја напушти Европската унија е максимален услов и се осврна на идејата за замена на блокот со „заедница на економски и заеднички интереси“.
„Пред напуштање на ЕУ мора јасно да се договори нова основа. Патем, тоа важи и за НАТО“, рече Хрупала.
За војната на Русија против Украина, политичарот рече дека германската влада конечно треба да посака да ја прекине војната.
„Русија победи во оваа војна. Реалноста ги стигна оние кои тврдат дека сакаат да и овозможат на Украина да ја добие војната“, тврди Хрупала.
AeG моментално е втора по јачина партија во националните анкети пред изборите што се очекуваат во февруари.
Сепак, етаблираните партии во земјата ја отфрлија можноста за соработка со партијата, која е под истрага од разузнавачките служби како осомничена десничарска екстремистичка група.
На почетокот на декември, Алтернатива за Германија номинираше еден од своите лидери, Алис Вајдел, за прв кандидат за канцелар во 11-годишната историја на партијата.